Коментари

По протестот: „СДСМ…. Вашето време истече, вие сте најслабата карика“, напиша Јоци

„СДСМ немаат капацитет да ја разберат сериозноста на историскиот момент, а уште помалку се на ниво на задача – немаат слика во моментов во нивните глави дека со секој нов ден ескалира гневот кај народот и дека ќе летаат!“, вели политикологот Јорданка Ивановска-Јоци.

Таа додава:

„Очигледно е дека нивните ,,тајни полиции” не им ги дале потребните инфа за опасноста од народно востание.
Немаат поим од социјална психологија и психологија на толпа, затоа и си ги преџвакуваат изјавите, си пишуваат колумнички, квазианализи и бедни статуси кои допираат едваај стотина луѓе. Не гледаат дека снежната топка се тркала и ќе удри право на Илинденска.

СДСМ, во најголем дел, отсекогаш се потпирале на олигархиски кругови – сељачиштата внатре од олигарси учеа прво како да држат лажица и вилушка, а потоа и како да одат, да се шишаат, како да врзат три реченици.. …со други зборови они во најголем дел се целосно општествено нефокусирани, нивниот фокус отсекогаш бил од лична природа -,,кога ќе пораснам, сакам да бидам Хари”.

Нивните квази-социјалдемократски врхушки за тоа време немаа/т допир со работничката класа, со обичниот човек кој јаде бурек и јогурт, со друг кој виси на скеле на 40 степени или со изнамачени жени кои работат трета смена во фабрика.
Поради сето ова, тоа е партија во најголем дел, која се бави секогаш сама се себе, си ги мерат суетите, кешот, колите, становите, плацевите, си подметнуваат сопки, си вадат афери и редовно се кодошат и се местат по медиуми – кај ,,свои” новинари, а и по амбасади.

Затоа и немаат време да видат што им се случува пред носот – НАРОД.

Тоа што вие читате дека некој е против Заев, му вади афери, не значи и дека е против Рада.
Тоа што Оливер е уште министер, а Мухамед во куќен притвор, а Рашковски по маркети, значи дека уште прописно не се исчистиле меѓу себе.

СДСМ…. Вашето време истече, вие сте најслабата карика.

На почеток