(ФОТО) Поплави во Австралија, итно предупредување за 50.000 луѓе
Илјадници жители на Сиднеј денеска добија наредба да го евакуираат најголемиот град во Австралија поради обилните врнежи од дожд и силните ветрови.
На околу 50.000 жители на австралиската држава Нов Јужен Велс, главно во западните предградија на Сиднеј, им е издадено ова предупредување за можна евакуација, соопштија властите, пренесе Ројтерс.
„Ситуацијата е далеку од завршена. Каде и да сте, внимавајте кога возите по патиштата. Сè уште има значителни ризици од поројни поплави“, рече премиерот на Нов Јужен Велс, Доминик Перот на прес-конференција.
Интензивниот систем на источниот брег на Австралија, кој донесе обилни врнежи во некои делови на Нов Јужен Велс, каде што за три дена врнеше онолку колку што обично паѓа за околу една година, се предвидува да се премести на север, објави метеоролошката служба.
Но, заканата од поплави може да остане во текот на неделата, бидејќи повеќето речни сливови се веќе блиску до капацитетот.
#Sidney facing major #floods when month’s rain fell in only 2 days. More than 30,000 people are being evacuated. This is 3rd major flooding of this year. Intense and more frequent flooding has worsened due #ClimateChange @TheWaterCentre @WRDWaterMatters pic.twitter.com/eMsM7ZVQeD
— Asit Biswas (@asitkbiswas) July 4, 2022
Во некои региони наврнаа 800 mm дожд од саботата, што ги надминува просечните годишни врнежи во Австралија од околу 500 mm.
Денеска во неколку области погодени од поплавите се предвидуваат и ветрови со брзина до 90 километри на час, што го зголемува ризикот од урнати дрвја и далноводи, а властите побараа од жителите ширум Сиднеј да не ги напуштаат своите домови освен ако е апсолутно неопходно.
Големи поплави се случуваат во Виндзор во западниот дел на Сиднеј, трета и најлоша поплава во годината, според Метеоролошката канцеларија.
Australia declara desastre en zonas de Sídney afectadas por inundaciones https://t.co/1BMGr8gM9D
— Noticias Perú 🇵🇪 (@peruenlanoticia) July 5, 2022