Актуелно

„Ни недостига едно смирување на топката, насилството треба да не загрижува“, вели Димитров

Ни недостига едно смирување на топката, има по некој такви повици од различни места. Ова со насилството при слободното собирање и протестирање треба да не загрижува и сите политички субјекти имаат одговорност да ја смират ситуацијата. Малку треба да се забави ова панично брзање. Ми пречи што овие широки консултации се како фингирани, вели поранешниот шеф на македонската дипломатија, Никола Димитров.

Според него, недостига клучен дел во пакетот – билатералниот протокол.

-Не бев на протестите, се мислев. Имав повици од граѓани преку социјалните мрежи да повикам. Размислував за протести пред Европската делегација со македонското знаме и знамето на ЕУ, на некој начин повик кон ЕУ и потсетник за сопствените вредности. Мотото на ЕУ е обединети во различностите. Тоа е дел од темелните договори, рече Димитров во емисијата „Само интервју“.

На почеток