(ВИДЕО) Спасувањето на македонските државјани на Халкидики и натаму трае
Македонски државјанин на 25-годишна возраст е спасен, а по уште двaјца се трага во Посиди на Халкидики.
Сите тројца се од Македонија, на возраст од 25, 28 и 30 години објави грчката телевизија „Скај“.
Како што пишува „Еуроњуз“ трите лица се капеле на плажа, кога силните струи ги повлекле и постепено исчезнале од видното поле на останатите.
Спасувачите го лоцирале едното момче кое, како што раскажуваат очевидците, испило многу морска вода и било пренесно во болница, но по укажаната прва помош опасноста била избегната.
Акцијата ја отежнуваат неповолните временски услови и силниот ветер, пишуваат локалните медиуми. Во спасувачката акција учествуваат брод на крајбрежната стража, хеликоптер на воздухопловните сили, рибарски брод и волонтери од грчкиот спасувачки тим.