Тензичната седница во Собранието каде имаше и оган ќе продолжи денеска, протекоа информации кога ќе се потпише протоколот
Денеска пратениците во Собранието ќе расправаат за францускиот предлог. Ова ќе треба да биде второ продолжение на седницата. Од 42 пратеници пријавени за збор, во Собранието се обратија пет. Седницата треба да продолжи во 11 часот. Вчера, имаше тензичен ден во Собранието, а ист таков се очекува и денеска. Постојат можности седницата да продолжи и по 18 часот, односно по работниот ден на Собранието, за да се исцрпат сите пријавени за збор.
Неофицијално и непотврдено, но се шпекулира дека Владата веќе има план, односно, МНР сака да испрати свои претставници во Бугарија за да го потпишат протоколот веќе во сабота, а церемонијата може да биде и во недела.
Никој не ја коментира оваа информација, но најверојатно овој план е направен со очекување дека денеска, до доцните вечерни часови, ќе заврши излагањето на пратениците.