Македонија

Најдени шорцеви слични како тие на Мартин, потрагата не запира, објавено како може да се помогне

Потрагата по Мартин, исчезнатиот Македонец на Халкидики, не запира. На плажа се најдени шорцеви, кои биле слични на оние кои ги носел Мартин во моментот кога го однесоа морски бранови. Но тие, освен на фотографија направени од турист, не се најдени на локацијата. Апели за Мартин се уште се споделуваат, се бараат од средства за да потрагата продолжи до физичка помош.

„Потребни се волонтери, физички спремни лица да одат на терен во Грција, како волонтер со лиценца за чамец, волонтер со дрон, спасител со лиценца“, стои во апелот.

Во оваа група, кај администраторот, може да се пријават сите кои се во можност да се вклучат во потрагата.

На терен во Грција се семејството на Мартин, како и второпронајдениот Иван кој со чамец и други волонтери продолжија да го бараат исчезнатиот.

„Информацијата за идентификација на костум за кампење кој наликуваше на исчезнатото лице нè донесе на бреговите на Катерини. Пристигнавме со помош на спасувачкиот тим. Ја пребаравме цела област, но залудно”, објави шефот на спасувачката мисија „ОФКАТ”, Христос Рамос.

На почеток