Пред малку се случи тешка сообраќајна несреќа на патниот правец Ресен – Битола, помеѓу патничко моторно возило Сеат кордоба со прилепски регистарски таблички и Пасат со ресенски регистарски таблички.
Дознаваме дека четворицата патници кои биле во Пасатот – маж, жена и два деца се повредени, додека во кордобата возачот е со потешки повреди.
Несреќата се случила на местото викако Казани. Неофицијално Кордобата претекнувала на полна линија.
Сообраќајот е во прекин. Се уште нема пристигнато полиција.