Малезискиот крал Мухамед Петти денеска абдицираше, што е првпат монарх во оваа земја да се повлече од тронот пред истекот на петгодишниот мандат. Кралската абдикација стапува на сила веднаш, соопшти Националната палата.
Кралската иднина била предмет на шпекулации во јавноста недели наназад, откако тој во месец ноември зел „боловање“.
На должност требало да се врати на почетокот на оваа недела, но наместо тоа, од палатата пристигна соопштение дека кралот абдицира.
Малезија е монархија со многу необичен систем на избор на крал. Тој се бира на пет години, а изборот се прави помеѓу 9 мина малезиски владетели и тоа на база на ротација.
Мухамед Петти е прв монарх кој што абдицира откако оваа муслиманска земја добила независност од Велика Британија во 1957 год.
Кралот сепак останува влдетел во својата земја каде што е султан.
За време на своето „медицинско боловање“, Мухамед Петти, се оженил со убавицата Оксана, кој бил Мисс на Москва во 2015 год.