(ВИДЕО) Невидена катастрофа во Црна Гора: 11 мртви, шест повредени
Во населбата Медовина во црногорскиот град Цетиње, во близина на Владата, денеска околу 16 часот загинаа 11 лица, а шестмина се повредени, меѓу кои и еден припадник на полицијата (прострелна рана во главата), потврдија од Управата на полицијата, објави „Танјуг“.
РТЦГ јавува дека на трагедијата и претходел семеен конфликт, по што напаѓачот, 34-годишен Вучко Бориловиќ откако го убил целото семејство, излегол од куќата и пукал во случајни минувачи на улицата. Тој пукал и кон полицијата, а притоа не и дозволувал на брзата помош да се доближи за да им пружи прва помош на повредените. Во пресметката со полицијата Бориловиќ бил убиен.
Неофицијални информации се дека меѓу загинатите, четири се деца.
Голем број граѓани на Цетиње се на местото на трагедијата на кое има зголемено полициско присуство.