Свет

Зеленски му се заблагодари на Бајден за воената помош од 775 милиони долари

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска му се заблагодари на својот американски колега Џозеф Бајден за најновиот пакет воена помош од 775 милиони долари.

„Многу ја ценам американската воена помош во износ од 775 милиони долари. Ви благодариме претседателе што ја донесовте оваа одлука. Направивме уште еден важен чекор за да го победиме агресорот. Украина ќе биде слободна“, напиша Зеленски на Твитер.

Малку порано американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека од доаѓањето на новата администрација на чело со претседателот Џозеф Бајден, Вашингтон обезбедил воена помош од 10,6 милијарди долари за Киев.

На почеток