Коментари

Ќерката раскажа сѐ: Жена убиена во Кавадарци, маж два часа се иживувал со неа

Девојка од Кавадарци на социјалните мрежи објави фотографија од маж, за кој како што вели влегол во домот на нејзината мајка и два часа се иживувал со неа. Тој и нанел тешки повреди на черепот и мозокот, а имала и внатрешно крварење по рацете и градниот кош.

„Јавно сакам да го објавам МОНСТРУМОТ кој ноќта на 02.08.2022 влегол во домот во кој живеевме со мајка ми, и нанел тешки повреди на черепот и мозокот, воедно имаше и внатрешно крварење по рацете и градниот кош.

Цели два часа се иживувал, па повикал итна медицинска помош, во коматозна состојба била префрлена во опшата болница Кавадарци каде и била укажана максимална помош за опстанок во живот, се бореше бидејќи таа беше жена борец, од таму била префрлена во државна болница Скопја на одделение-КАРИЛ каде што и направиле операција на главата.

Јас бев надвор од градот кога утрото во 06:30 часот не известија соседите за настанатата ситуација, па по еден час не известија и од полициската станица. Цели четири дена беше приклучена на апарати се бореше до последниот здив бидејќи имаше страшна повреда од МОНСТРУМСКИ раце, таква повреда до сега не е направена од сообраќајна незгода. Но за жал не издржа, кога се јавив во болница дента на 06.08.2022 во болница ме известија дека состојбата е влошена за да по два часа ми се јават и изразат сочувство. Болката и тагата е неизмерна, таква борбена мајка се раѓа еднаш на 100 години.

Па драги мои жени апелирам до сите вас неплашете се од никој затоа што ниту еден маж не е повеќе од вас, вашите мајки не ве носат во стомак 9 месеци и не ве растат за кога ќе станете самостојни жени некој да се иживува со вас, помислете на најлошото што може да го стори, бидејќи од вакви гади си патиме. А тебе ПЕТРЕ НЕСТОРОВ бог да ти суди!“, стои во објавата.

На почеток