Македонија

Адеми од ДУИ: Силјановска создаде криза со првиот збор, го згази Уставот

Арбер Адеми од ДУИ, портпарол на изборниот штаб, замери на повеќе делови од говорот на новата претседателка Гордана Силјановска-Давкова во Собранието. Тој смета дека уште со првиот збор, таа создала криза.

„Изразуваме залежење за говорот на Силјановска-Давкова, која го згази Уставот уште при првата реченица, не споменувајќи ни Република, а камо ли Северна Македонија. Ги исклучи сите луѓе од единството, беше говор за 8-март, без да се спомене НАТО и сите предизвици кои ни престојат. Ниту еден збор за ЕУ, ниту за евроинтегративниот процес. Ниту збор немаше за негување на добри меѓуетинчки односи, ниту за Рамковниот договор, ниту за Преспанскиот договор, ниту за добрососедскиот договор со Бугарија – намерно не ја спомена и честитката од претседателката на Косово“, рече Адеми.

Тој упати и други критики на сметка на Силјановска-Давкова.

На почеток