Годинава во Хрватска остварени над 82 милиони ноќевања


Во тековниот дел од годината во Хрватска, според податоците на eVisitor, остварени се 14,4 милиони пристигнувања и 82,6 милиони ноќевања, што е за 42 отсто зголемување на пристигнувања и 28 отсто на ноќевања во однос на лани.
Споредено со рекордната 2019 година, горенаведените податоци претставуваат 90 отсто од резултатите во пристигнувања и 96 отсто од резултатите во туристичките ноќевања, објави Хрватската телевизија (ХТВ).
Најмногу ноќевања досега се остварени во окрузите Истра и Сплит-Далмација, Кварнер, Задар и Дубровничко-Неретва. Гледајќи ги дестинациите, најмногу туристички ноќевања се реализирани во Ровињ, Дубровник, Пореч, Медулин, Умаг и Сплит. Најмногу ноќевања досега оствариле гости од Германија, Хрватска, Словенија, Австрија и Полска.
Во Хрватска во моментов има речиси милион туристи
Најмногу ноќевања во тековниот дел од август оствариле гости од пазарите на Германија, Хрватска, Словенија, Италија и Полска.
Во Хрватска во моментов престојуваат 943.000 туристи, од кои околу 846.000 се странски. Во моментов најголем дел од гостите се од Германија, Хрватска, Словенија, Полска и Австрија. Гледајќи ги дестинациите, повеќето туристи моментално престојуваат во Ровињ, Медулин, Пореч, Вир и Умаг, објави ХТВ.
