(ВИДЕО) Јутубер за Хрватска: Ова е посебен дел од светот
Блогерот и јутјубер Кристијан Лебланк, кој на социјалните мрежи се нарекува Лост Лебланк, а го следат дури два милиони луѓе, објави видео со наслов „Зошто мора да ја посетите Хрватска“.
„Еве како да патувате низ Хрватска од Сплит преку Брач до Дубровник. Од нашето патување низ Далмација до замоците на Game of Thrones, овој водич за патување во Хрватска ви покажува зошто треба да дојдете овде“, стои во описот на видеото.
Тие сакале да ја посетат Хрватска делумно и поради локациите на кои се снима хит серијата „Игра на тронови“, која тој и неговата девојка ја обожаваат. Во Сплит ја пофалија храната во ресторанот и сместувањето кое го нашле на интернет, а кое ги чинело 150 евра од ноќ.
„Сè е блиску до нас пешки. Сопственикот е толку фин, а наутро се слушаат петлите“, рече тој.
По Сплит заминале на островот Брач.
Верувајте ми – ова е посебен дел од светот“, рече тој за овој хрватски остров.
Особено им се допадна Дубровник
Тој вели дека Дубровник е еден од најневеројатните градови во светот што ги посетил. Вели дека сигурно ќе се врати таму еден ден.
„Ако сте како мене, веројатно не сте знаеле многу за Хрватска. Една од работите што ги научив е дека храната е на исто ниво со италијанската. Толку е добра. И нивното вино е многу добро“, вели блогерот.