Годишно ја посетуваат само 150 туристи: Ова е најнепосетуваната земја во светот
Кога се зборува за туризмот, најчесто се споменуваат листи на најпосетувани земји во светот. Но, кои земји се најмалку посетени?
Третина од меѓународните патувања се одвиваат во пет земји во светот. Тоа се Франција со 90 милиони туристички посети, Шпанија со 83,7 милиони, САД со 79,3 милиони, Кина со 65,7 милиони и Италија со 64,5 милиони посети.
Сепак, за разлика од нив, има земји кои се или малку или не се посетени од туристи.
На прво место е Екваторијална Гвинеја, која годишно ја посетуваат само околу 150 туристи.
На втората е Науру, островска земја во Микронезија која годишно ја посетуваат околу 200 туристи.
На трето место е Сомалија со 400 туристички посети годишно.
Оваа листа е предмет на промена секоја година и никогаш не е конечна. На пример, земјата Мали ја посетиле само 102 туристи во 2016 година, кога била најнепосетувана земја во светот. Тоа зависи и од војните, економските и други околности кои влијаат на тоа дали туристите ќе одлучат да посетат одредена земја.
Листата со најнепосетени земји во светот изгледа вака, првите три места се наведени погоре:
4. Тувалу – 1.400 туристи
5. Маршалските Острови – 4.600 туристи
6. Молдавија – 11.000 туристи
7. Северна Кореја – 15.000 туристи
8. Соломонски Острови – 20.000 туристи
9. Мавританија, Авганистан и Гвинеја-Бисао – 30.000 туристи
10. Гвинеја дели со Сао Томе и Принципе – 33.000 туристи
11. Федерални држави на Микронезија – 35.000 туристи
12. Федерални држави на Микронезија – 35.000 туристи
13. Комори – 37.000 туристи
14. Сиера Леоне – 44.000 туристи
15. Либерија – 45.500 туристи
16. Кралство Тонга – 50.000 туристи
17. Лихтенштајн – 54.000 туристи
18. Источен Тимор – 60.000 туристи
19. Џибути – 71.000 туристи