Фејсбук конечно добива „вистинска“ поддршка за корисници
По 18 години, компанијата Мета конечно одлучи на своите корисници да им обезбеди вистинска поддршка за полесно да ги обноват избришаните профили или објави.
Потпретседателот на Мета, Брент Харис, вели дека компанијата инвестира многу време во услугите на клиентите. Сепак, од основањето на Facebook, корисниците на оваа социјална мрежа навистина немаат начин директно да комуницираат со компанијата за одлуките за модерирање.
Минатата година беше лансирана програма која вклучуваше разговор во живо на англиски јазик, што всушност овозможи контакт со вработените во Мета. Корисниците може да добијат помош за користење на нови функции или во случај нивниот профил да биде заклучен. Во тоа време, компанијата рече дека тоа е „прв пат Фејсбук да понуди помош во живо на луѓе чии профили се заклучени“.
Мета е фокусирана на подобрување на корисничката поддршка и поради повратните информации од нејзиниот Надзорен одбор. Минатата година беше формирано ова „независно“ тело за следење и менување на одлуките на Мета. Примени се речиси милион барања на корисници поврзани со модерирање на содржината.
Мета исто така се обидува да ги отстрани луѓето кои избегнуваат банирање, а неодамна беа отстранети околу 500 профили, страници, групи и настани поврзани со групата Proud Boys.