Апокалипса во Аеродром, Муцунски во најпогодените делови каде има откорнати и цели кровови
По силното невреме кое го зафати главниот град заедно со претседателот на советот, Дејан Митески и останатите советници и службите на Општината излеговме на терен. Во активна комуникација со градските претпријатија работиме на отстранување на проблемите кои настанаа по дождот кој беше проследен со силен ветер, вели градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски
„Во моментов ги детектираме најпогодените точки во Општината и секаде каде што е забележана штета предизвикана од невремето. Ќе повикуваме аеродромци да останат смирени бидејќи штетите ќе бидат посочени до надлежните градски претпријатија и ќе бидат санирани во најкраток рок.
Општината Аеродром продолжува да биде вистински сервис на жителите и во соработка со градските претпријатија интензивно работи на решавање на проблемите на граѓаните и санирање на штетите.
#НашАеродром #ПроменитеСеСлучуваат“, додава тој.