Свет

Хаос во Канада: Најмалку 10 лица загинаа, а 15 се повредени

Најмалку 10 лица загинаа, а 15 се повредени во канадската провинција Саскачеван.

Напаѓачите се во бегство, пренесува RT.

Се верува дека побегнале со црн нисан Рог.

Двајца осомничени за нападите во ретко населената домородна заедница, Демиен Сандерсон (31) и Мајлс Сандерсон (30) се во бегство и се сметаат за вооружени и опасни.

Жртвите биле пронајдени на 13 локации во нацијата Џејмс Смит Кри, домородна заедница со околу 2.000 жители и селото Велдон, североисточно од Саскатун, најголемиот град во Саскачеван.

На граѓаните им е кажано да се засолнат додека трае големата потера по осомничените, јавува Би-Би-Си.

Ова е едно од најсмртоносните масовни убиства во канадската историја, според АП.

Канадскиот премиер Џастин Трудо го опиша нападот како „ужасен и потресен“.

„Шокиран сум и уништен од денешните ужасни напади. Одговорните за денешните грозоморни напади мора да бидат изведени пред лицето на правдата“, рече Трудо.

Несреќата се случила во рурална област на Саскачеван, потврди полицијата на таа земја, предупредувајќи дека напаѓачите се уште се на слобода, дека се опасни и вооружени.

„Бидејќи осомничените се на слобода, ние исто така побаравме тревогата да се прошири на Манитоба и Алберта. Веруваме дека некои од жртвите биле мета, додека други биле нападнати по случаен избор“, вели полицијата.

Се вели дека напаѓачите имаат црна коса и кафени очи и возат црн нисан.

На почеток