(Видео) Огромни шумски пожари во Канада, половина од градот е уништен
Огромни шумски пожари уништија речиси половина од историскиот канадски град Јаспер, соопштија официјални лица, а пожарите се уште се надвор од контрола. Пожарникарите се обидуваат да спасат што е можно повеќе згради, пишува Би-Би-Си.
Улиците на Џаспер во западна Канада се срамнети со земја, а некогашните домови сега тлеат урнатини. Немаше човечки жртви, а околу 20.000 туристи и 5.000 жители побегнаа од планинската област во провинцијата Алберта, која со децении е исклучително популарна меѓу туристите.
There are no words. Jasper is burned to the ground. 💔 pic.twitter.com/lV8koLhzUR
— Ryan Jespersen (@ryanjespersen) July 25, 2024
За време на вчерашната прес-конференција, премиерката на Алберта, Даниел Смит рече дека „потенцијално се уништени 30 до 50 отсто од структурите“. „Не може да се негира дека ова е најлошиот кошмар на која било заедница“, рече таа, додавајќи дека Националниот парк Џаспер е „извор на гордост“ за многу генерации. Патем, околу 2,5 милиони луѓе го посетуваат паркот и блискиот национален парк Банф секоја година.
Репортер на Би-Би-Си бил во Националниот парк Џаспер кога избувнале пожарите. Цела ноќ возела со сопругот и ќерката за да го напушти градот. „Небото стана темно црвено, а потоа дуваше ветер, почнаа силен дожд и молњи“, опиша таа. „Ние сме еден од последните патници кои ја видоа убавината на Џаспер. Ќе помине многу време додека тој да закрепне. Тоа е исклучително погубно за сите и ми го крши срцето“, рече таа.
Стотици пожарникари од целиот свет се ангажирани да помогнат во гаснењето на пожарот. Нивната примарна цел е да ги задржат пламените јазици кои го зафатија градот од две страни. Пјер Мартел, директор на националната програма за управување со пожари, рече дека пожарот бил предизвикан од невреме со грмотевици и ескалирал завчера бидејќи го разгореле силните ветрови.
„Тој стана чудовиште“, рече тој. Пламените јазици достигнаа висина од 100 метри на некои места, изјави официјален претставник.
🚨#𝗕𝗥𝗘𝗔𝗞𝗜𝗡𝗚 𝗡𝗲𝘄 𝗙𝗼𝗼𝘁𝗮𝗴𝗲 𝗼𝗳 𝗧𝗵𝗲 𝗔𝗳𝘁𝗲𝗿𝗺𝗮𝘁𝗵 𝗳𝗿𝗼𝗺 𝘁𝗵𝗲 𝗝𝗮𝘀𝗽𝗲𝗿 𝗡𝗮𝘁𝗶𝗼𝗻𝗮𝗹 𝗣𝗮𝗿𝗸 𝗪𝗶𝗹𝗱𝗳𝗶𝗿𝗲.
The Wildfire has started over 170 blazes in Jasper National Park area, and has caused the evacuation of more than 25,000 residents. pic.twitter.com/lYKar3eep0
— Wesley Marius (@WesleyMarius) July 25, 2024