Актуелно

Папата ги повика Италијанците да имаат повеќе деца

Папата Франциско денеска отпатува во јужна Италија за да го затвори конгресот на Италијанската црква што се совпадна со националните избори во Италија.

Ниту папата, ниту неговите домаќини не го спомнаа гласањето за време на мисата на отворено, иако конференцијата на италијанските бискупи претходно ги повика Италијанците да гласаат на изборите.

На крајот од мисата на отворено во Матера, папата Франциско ги замоли Италијанците да имаат повеќе деца и рече: „Повеќе раѓања, повеќе деца“.

Италија има една од најниските стапки на наталитет во светот, а папата често жали за „демографската суша“, пренесува АП.

Папата Франциско се осврна на прашањето за миграцијата во Италија, потсетувајќи дека неделата се совпадна со Светскиот ден на мигрантите и бегалците на Католичката црква.

„Имигрантите треба да бидат добредојдени, следени, промовирани и интегрирани“, додаде тој.

Тој повика на „поинклузивна и побратска иднина“ во која мигрантите и жртвите на трговија со луѓе ќе живеат во мир и достоинство.

На почеток