Македонија

Фрчкоски: Негирањето на етничкиот термин „македонски“, од БЕСА , е безобразлук и напад на идентитетот на Македонците

Со барањата на БЕСА не се сложува ни професорот Љубомир Фрчкоски. Негирањето на терминот „македонски“, според Фрчкоски не е наивна работа, објави Телма.

„Негирањето на етничкиот термин „македонски“, доаѓа од делот на Албанците од БЕСА. Тоа скандал и безобразлук и напад на идентитетот на Македонците. Терминот „македонски“ е една од главните придобивки на Преспанскиот договор, вели Фрчкоски.

Инаку во моментов се бара техничка формулација за државјанството, што би била прифатлива и за БЕСА. Партијата се закани дека нема да гласа за уставните измени доколку во делот на државјанството не се избрише терминот „македонско“.

На почеток