Коментар на денот: Вие од ДПМНЕ, СДС и ДУИ, сосе шушумигана Данела, обезбедете плати, JСП утре мора да не’ вози
Новинарката Соња Христовска Угриновска реагираше на социјалните мрежи откако ЈСП прогласи штрајк. Таа вели дека не може да не возат, без законски прогласен штрајк.
„Не слушнав дека ЈСП прогласи штрајк!
Како тогаш нема да не’ возат, без законски прогласен штрајк?
Синдикатот вика, нема да ве возиме, зашто сме гладни! И ладно, од утре нема да возат во поламилионски град.
Законот вика дека во случај на штрајк или спор на дејностите од општ интерес или во оние каде прекинот на работата може да го загрози животот и здравјето на луѓето или да нанесе штета од големи размери, страните во спорот се должни веднаш да пристапат кон мирно решавање!
Незаконски штрајк повлекува последици за организаторите и учесниците.
Така да. Едно е протест. Друго е штрајк.
ЈСП утре мора да не’ вози.
Убаво би било медиумите да се сетат и на овој аспект.
А вие слоти во Совет на Град Скопје од ДПМНЕ, СДС и ДУИ, сосе шушумигана Данела, обезбедете плати за возачите кои имаат многу одговорна работа и чесно ја работат, за да не ви дојдеме пола град пред баракичкине картонски и да ве оддуваме“, додава таа.