Актуелно

Германски концерн предупредува: Овие производи може да исчезнат од продавниците

Гумените мечиња Харибо, Принглс, намаз од ориз Бен или сирење Филаделфија наскоро би можеле да исчезнат од малопродажните синџири во Германија и Австрија.

Тоа се продавниците – Billa, Penny, Adeg, на концернот REWE.

REWE не сака да го прифати планираното поскапување што го најави производителот на познати брендови на производи.

„Ние се гледаме себеси како штит за потрошувачите“, рече шефот на REWE во Австрија, Марсел Харасти.

Во спорот околу барањето за поскапување на одредени големи меѓународни брендови, како што е Марс, не е постигнат договор, вели тој.

Харасти посочува дека во актуелната криза секој треба да даде свој придонес – каде што трговијата има маржа од еден до два отсто, а производителите на познати брендови до 20 или 30 отсто.

На почеток