Свет

Пукање во Далас: Убиени две лица

Две лица загинаа во престрелка во болница во градот Далас, во американската сојузна држава Тексас, а полицијата го идентификуваше осомничениот за престрелката и го рани.

Како што е наведено во соопштението на полицијата, Нестор Ернандез (30) е уапсен откако полицаец од здравствениот систем го ранил во Медицинскиот центар „Методист“ во Далас, пренесе АП. Хернандез бил пренесен во друга локална болница на лекување, објави Dallas Morning News.

„Полицаец на методистичкиот здравствен систем пристигна на местото на настанот, се соочи со осомничениот и пукаше кон него, повредувајќи го“, рече портпаролот на болницата Рајан Овенс. Имињата на жртвите се уште не се објавени. Ернандез бил на условна слобода по тежок грабеж, се вели во соопштението на полицијата.

Болничкиот систем во соопштение рече дека жали за загубата на членовите на својот тим.

На почеток