Свет

Усвоени измените на Законот за претседател во Црна Гора

Пратениците на црногорскиот Парламент нешто по полноќ ги усвоија измените на Законот за претседател на Црна Гора, предложени од Демократскиот фронт (ДФ).

41 пратеник гласаше „за“, а еден против, додека пратениците на Демократската партија на социјалистите (ДПС) не беа во пленарната сала за време на гласањето.

Дискусијата траела повеќе од шест часа, пренесува РТЦГ. Десетици граѓани се собраа пред зградата на Собранието на Црна Гора, додека траеше расправата за предлогот за измена на Законот за претседател, поднесен од Демократскиот фронт.

Во поканата за собирот, која претходно беше објавена на социјалните мрежи, граѓаните на Подгорица беа повикани да излезат со цел „да се спречи колапс на државата“.

На почеток