Свет

Силен земјотрес ја погоди Јапонија

Силен земјотрес со магнитуда од 5,2 степени по Рихтер, го погоди јапонскиот остров Хокаидо, соопшти денес Јапонската метеоролошка агенција.

Земјотресот се случил околу 9 часот утрово по локално време, со епицентар на југот на Хокаидо на длабочина од околу 30 метри. Засега нема опасност од цунами.

Во градовите Атсума и Мукава, кои се наоѓаат во таа област, нема повредени, додека во градот Сапоро е повредена 30 годишна жена кога врз неа паднала полица.

Денешниот земјотрес е најјак од земјотресите кои го погодија островот пред еден месец, во кој настрада 41 човек, а 10.000 згради беа оштетени. Поради тој земјотрес се уште дел од жителите се наоѓаат во приватни центри.

Јапонската метеоролошка агенција ги предупреди граѓаните дабидат спремни во следните денови бидејќи се можни нови потреси со јачина од 4 степени, а и повеќе, но и да се подготват за обилни врнежи и одрони поради тајфунот кој би требало да го погоди островот во недела.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток