Актуелно

Хорор: Велосипедистка загина во сообраќајка, активисти го блокираа патот на возилото за итна помош

Велосипедистка загина по судир со мешалка за бетон во Берлин. Нејзините повреди можеше да се ублажат доколку возилото за итна помош не беше попречено од активисти за климатски промени кои го блокираа патот.

Портпаролот на берлинската противпожарна бригада потврди дека возилата за итни случаи пристигнале доцна на местото на несреќата поради протестите на активистите за климатски промени кои го блокираа автопатот А100.

Спасувачите за итни случаи беа заглавени во сообраќајот „прилично значително време (…) Спасувањето беше одложено поради тоа“, рече портпаролот Ролф Ербе.

Неговата верзија за настаните не беше демантирана од групата за климатски протести „Последна генерација“, која во понеделникот го изрази своето вознемирување од ситуацијата и понуди изјава упатена до жртвата.

„Искрено се надеваме дека вашето здравје не се влошило како резултат на доцнењето на возилото“, рече портпаролката Карла Хинрикс. „Во сите наши протестни акции, главен приоритет е да се обезбеди безбедност на сите луѓе кои учествуваат“, велат тие.

Двајца активисти се соочуваат со кривични пријави поради демонстрациите, откри полицијата во вторникот. Двајца мажи, на возраст од 59 и 63 години, се залепиле за патен знак што ги попречувал возилата за итни случаи, објави Ројтерс.

На почеток