Коментари

Ексобвинител за шефот на ОЈО-ГОК: Ни на сон човек со таков квалитет нема морално право да раководи со Обвинителство

Екс обвинителот Војо Димоски на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека денот кога заминал од обвинителството ќе го земе за куќна слава.

„Денот кога си заминав од обвинителството ќе го земам за куќна слава!

Обвинител кој одлучи да молчи во текот на постапката за избор на шеф на ОЈО за ГОКК, денес, после изборите првпат се појави во јавност. При тоа кажа нешто кое после неколку часа е демантирано. Со фотографии!
Со други зборови примусот на борбата со високата корупција и организиран криминал, пред јавноста не ја зборуваше вистината. Дали човек со таков квалитет има морално право да раководи со Обвинителството? По мој критериум, ни на сон!

Затоа ги охрабрувам новинарите да го прашаат Државниот обвинител дали ќе побара одговорност од него согласно Етичкиот кодекс?

Ако веќе го прашувате, прашајте го и дали е дозволено, странка во постапката, злоупотребувајќи ја законската позиција на моќ, неофицијално да бара од Претседател на суд да врши притисок врз судиите да носат незаконити одлуки. Јас лично сметам дека е незаконито, ама можеби тој подобро знае“, стои во објавата.

На почеток