Коментари

Ексминистер за правда: Изборот на Абази е наместен, предистрагите за тежок криминал каде се чепкаат кадри на ДУИ – во канта!

Поранешниот министер за правда на Република Македонија Михајло Маневски вели дека изборот на јавен обвинител за организиран криминал и корупција е наместен.

„Наместен избор на јавен обвинител за организиран криминал и корупција
Овде кај нас се може да се намести. Сега е наместен изборот на Ислам Абази за јавен обвинител на ГОКК.
Се избра анонимус партиски кадар на Али Ахмети на ДУИ.

Дури 4/5 или 130 обвинители гласот го дале за кандидатите Ислам Абази (66) гласа и Ерон Незири (64) или вкупно 130 гласа за овие дваица кандидати. По какви резултати се позннати овие кандидати? По обвинителски не. По партиски да. Се гласаше по директива, шефот на ГОКК мора да биде од ДУИ.
Јасно како бел ден. ГОКК во партиските раце на ДУИ.
Е обвинители, не беше тешко да ве скршат. Скршени сте поодамна, за жал. Тоа што требаше да е најсвесно, излезе најпослушно.
Сега се знае. Сите покренати предистраги за тежок криминал во кој се чепнаа и некои кадри од
ДУИ, во корпа за отпадоци.
Целата обвинителска стратегија ќе се гради на основите за заштита на криминалот и криминалците.

Македонија е опљачкана од криминалната багра на власт
Сега веќе нема никој да ги спомне, а камоли да ги гони“, додава тој.

На почеток