Македонија

(ФОТО) Министерот Филипче ја вакцинира својата внука со игла со капаче

Веќе одреден период Министерството за здравство преку прес-конференции и кампањи на социјалните мрежи повикува родителите да ги вакцинираат своите деца со вакцината МРП.

Министерот за здравство, Венко Филипче пред неколку дена на Фејсбук објави дека ја вакцинирал внуката Илина, во обид да ја охрабри македонската јавност, а особено скептиците и заговорниците против имунизацијата.

„Единствено добро што родителите можат да направат за своите деца е да им овозможат добро здравје, грижа и многу љубов. Утрово, во амбулантата Млин Балкан ја вакциниравме мојата внука Илина. Вакцините се безбедни, ефикасни и нѐ заштитуваат од разни болести“, напиша Филипче на Фејсбук.

Но, денес на социјалните мрежи се појави истата фотографија од блиску, па многумина ја наметнаа идејата дека всушност станува збор за игла со капаче.

 

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток