Во обука на украинските вооружени сили ќе учествува и Бугарија
Од
Објавено на
Покрај Полска и Германија, во обуката на украинските вооружени сили како дел од мисијата на Европската унија планира да учествува и Бугарија.
Во оваа земја, како што изјави за медиумите рускиот воен експерт Алексеј Леонков, ќе има неколку полигони каде војниците ќе ги обучуваат американски, британски и бугарски инструктори.
Прес-службата на бугарското Министерство за одбрана соопшти дека покрај Полска и Германија, Бугарија планира да придонесе и за обука на вооружените сили на Украина.