Арсовска му се обрати на Ковачевски: Кој ќе ти ги одземе твоите ингеренции?!
Скопската градоначалничка Данела Арасовска директно му се обрати на премиерот Димитар Ковачевски. Таа му посочи да си гледа што треба да сработи тој како Влада, а не да и ги одзема нејзините. Смета дека сите нејзини проекти се реализираат.
„Сметам дека неговата несмасна изјава е дел од неговото политичко неисксутво и нема да ја земам за зло. Сметам дека ќе има време пред себе да покаже и да демонстрира дека не мислел ништо лошо. Сакам да прашам кој ќе ги одземе неговите ингеренции за нереализирањето на неговите ветувања? Кој ќе го доврши автопатот Кичево-Охрид, проектот за Клинички центар, ингеренциите за автопатот кон Крива Паланка, кој ќе ги одзеде ингеренциите за неспроведување на антикризните мерки. Прво реализирајте ги вашите ингеренции“, му порача Арсовска.
Таа додаде дека Ковачевски треба да си види како се јавиле проблемите при реконструкцијата на Универзалната салата и да си ја повика Финансиската полиција.
„За подвозникот кај Лимак, овој прокет беше споменат како некој кој не бил поместен ниту еден камен за да се реализира. Премиерот да биде известен дека од пет фази, се реализираат фазите 3 и 4, кои треба да бидат завршени минатата година“, додаде Арсовска.
Побара и одговорност од Петре Шилегов за неговата работа како градоначалник. Му порача на Ковачевски да побара и истрага.