На прашањето дали ќе го прифатат предлогот на Мицкоски за вонредни парламентарни избори заедно со претседателските, тој изјави дека заедно со највисоките органи и тела на СДСМ ќе го отворат ова прашање.
„Македонија треба да го искористи ова пред се за економијата и реформите. Сите знаат, а знае и Мицкоски дека тоа што го бара моли бога да не се случи, но бара првиот човек на опозцијата, затоа ќе размислиме. СДСМ заедно со своите највисоки органи и тела најборзо можно ќе го отвори ова прашање, следуваат претседателски избори и е вредно за размислување. На Македонија и треба отворена врата за да може да напредува. Ш том ќе донесеме одлука тоа ќе го соопштиме“, изјави Заев.
Тој додаде дека политички за СДСМ и останатите партии е посакувано да има избори бидејќи тоа е можност за нови 4 години власт.