Апасиев за Талат: Ќе ги викнеш од Антикорупциска на коктелче у Собрание и оп, ќе ти го затворат предметот за син ти

Од
Објавено на

Веста дека синот на Талат Џафери, положил правосуден испит пред да дипломира, ги зовре страстите. Свој осврт и критика има и пратеникот Димитар Апасиев, кој е и лидер на Левица. Тој „удри“ по Антикорупциска, кои велат дека не можат да отворат предемет.
„Ќе ги викнеш од Антикорупциска на коктелче у Собрание и оп, ќе ти го затворат предметот за син ти ❤️
Ах, тие прекрасни ‘европски вредности’“, вели Апасиев.
Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на денешната 75. седница одлучи дека не може да се отвори предмет за случајот со Барлет Џафери, бидејќи Министерството за правда не ја чува документацијата.
