Во Тузла започна акција за собирање потписи „Децата да се лечат со пари од буџетот, а политичарите со праќање СМС пораки, па кој ќе уплати уплати“, објави Анадолија.
Цалта на оваа акција е со сигурност да се обезбедени финансиски средства за лечење на тешко болните дечиња кои не ги опфаќаат средствата од заводот за здравствено осигурување.
Акцијата ја покренала неформална група на родители од Тузла, кои како што е наведено истата ќе ја спроведат низ целата територија на Тузла.
„Многу сме задоволни од одзивот на граѓаните, а ова е и доказ за тоа колку тие не се задоволни од работата на политичарите“, вели меѓу другото Индира Бектиќ Мујкиќ, една од организаторите на акцијата.
Таа додава дека во тешки моменти кога родителите ќе дознаат за болеста на детето, тие покрај тоа што мораат во целост да му се посветат , мора да водат сметка и за тоа како ќе соберат пари и колку СМС пораки се пратени , и дали одзивот на хуманите луѓе ќе биде доволно за да се соберат парите.
Целиот текст на: aljazeera.net