Коментари

Кока за Чадиковски: Не му честитав на „победникот“ бидејќи ова беше журка на партиско-штабски директиви меѓу ДУИ и СДСМ

Новинарката Филјана Кока, противкандидатката на Младен Чадиковски кој беше ре-избран за претседател на Здружението на новинари на Македонија, по изборите, остави свој коментар на социјалните мрежи. Кока, која е новинарка со долгогодишно искуство објасни зошто не му честитала на Чадиковски.

„Им благодарам на 53 колеги кои ме поддржаа покажувајќи целосен професионален интегритет. Не излегов да му честитам на ”победникот” бидејќи ова беше само журка на партиско-штабски директиви меѓу ДУИ и СДСМ. Господ да му е на помош на македонското новинарство!“, напиша Кока.

На собранието дојдоа и беа регистрирани дури 456 медиумски работнички и работници, членови на ЗНМ. Чадиковски доби 229 гласови. Противкандидатот Марјан Николовски доби 85, додека актуелната потпретседателка на ЗНМ, Фиљана Кока, доби само 40 гласови.

Собранието на ЗНМ кое брои околу 1.000 членови, започна во 10 наутро и заврши во 18 часот.

На почеток