Актуелно

Шенки Версаче со остар тон до Христијан: Мицко, Арачиново нема криминалци

Полициски службеници пред неколку дена привеле 31 годишен жител на скопско Арачиново, поради закани упатени кон вработени во интернет портал.

Како што соопшти МВР, приведениот се сомничи дека ден претходно, по електронски пат, испратил порака со заканувачка содржина кон вработени во новинска агенција – интернет портал, поради претходно објавен текст

„Во службен разговор во полициска станица тој го признал делото. Во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“.

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се огласи со дијаметрално спротивен став.

Точно знаеме во Арачиново која е групата, точно знаеме кои возила ги возат, точно знаеме каде живеат, точно знаеме со што се занимаваат и точно знаеме со кои полициски функционери се на линија рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при негова посета во Бутел.

Но, на сето ова возврати и Шенки Версаче.

Човекот кој е познат на јавноста како фан на светскиот бренд ,,Версаче”, живее во ,,замок”, носи ланци со злато и живее во Скопје, но има потекло од Арачиново.

„Мицко, Арачиново нема криминалци, тебе ти е гори затоа што Арачиново го изгоре режимот, но и тебе ќе ти гори, во Арачиново, 99 проценти се домаќини луѓе“ напиша Шенки.

На почеток