Македонија

Обичаи за Василица: Зошто верниците ставаат паричка во лепче и палат огнови?

Православните христијани кои се водат според Јулијански календар вечерва ќе ја пречекаат Православната или Старата нова година.

На Василица се крши и лепче со паричка и исто така се верува дека на оној кој ќе му се падне паричка ќе биде среќен во текот на целата година.

Ставањето паричка во лепче или пита се поврзува со еден настан што се случил во четвртиот век во Кесарија Кападокиска, денешна Мала Азија, поточно Турција.

При една посета на императорот Јулијан Отстапник на Кесарија Кападокиска при еден негов поход кон Персија, во Кесарија го пречекува владиката Свети Василиј Велики кој добро го познавал императорот кој бил незнабожец. Свети Василиј сепак сакал да го пречека и му принел леб. Императорот се навредил зашто бил пречекан со леб а не со злато како што прилега за еден император и им наредил на своите војници да соберат трева во полето и да им возвратат на кападокијците со трева како навреда за принесениот леб.

По тоа Свети Василиј, по долги молитви им наредил на своите прислужници од неговата митрополија да месат лепчиња или мали пити и во секоја да стават по малку злато.
Во спомен на ова чудо што се случува во четвртиот век во Кесарија Кападокиска, денес се става златник во лепче или пита токму на денот кога го славиме Свети Василиј Велики или на први јануари според јулијанскиот календар.

Но, на Дочекот на Правослвна Нова Година се палат василичарски огнови, кои се симбол на божествената светлина што, според народное верување, ги брка лошите сили.
Инаку, Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Родум бил од Кападокија, а завршил школо во Атина. Тој бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Свети Василиј Велики се упокоил на 14 јануари во 379 година.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток