Македонија

МЖ Транспорт од утрово без струја, не успеа да го плати долгот

Железница од утрината без електрична енергија, деловите кои се под електродистрибуција се отсечени од мрежата, дознава Телма.

МЖ Транспорт не успеа да го плати долгот којшто надминува 6,5 милиони евра поради што ЕВН почна со спроведување на својот план за исклучување. Ова претпријатие важи за загубар и подолго време има проблеми со финансиите.

Од ЕВН претходно соопштија дека тие веќе испратиле и  известување институциите кои должат, а направен е и план на кои точки ќе има прекин на струјата. Оттаму посочија дека тие ќе ги искористат сите законски механизми кои им се на располагање за да си го наплатат долгот, а Клиничкиот центар и МЖ Транспорт ги исполнуваат условите за исклучување како крајна мерка, по претходно искористување на сите законски можности.

Долгот за струја на „Мајка Тереза“ е околу 7 милиони евра, во кој влегуваат фактури и од ГОБ 8 Септември. Но, поголемата сума отпаѓа на Клинички. Сметките не се плаќале повеќе од три години.

На почеток