На денешната прес-конференција, премиерот Зоран Заев апелираше до опозицијата да не го попречуваат прогресот, со што би се нанела штета на народот, но и на себе си.
„Апел до опозицијата барајте да го испорачаме тоа што го ветивме но заборавете на опструкциите и не го попречувајте прогресот, така нанесувате штети на народот, земјата и себе си. Бидете дел од новите поглавја, тука сме политичарите и на власт и во опозиција за граѓаните“, изјави Заев.
„Да живее Македонија, да живее Северна Македонија“, рече Заев на крајот на прес-конференцијата.