Министерот за здравство го посети првото бебе на ГАК Скопје
Од
Објавено на
Министрите за здравство Беким Сали и за труд и социјална политика Јована Тренчевска изутрина го посетија првото бебе и му подарија златник, а на родителите им честитаа за првата рожба.
„Среќни сме што годината ја почнуваме со убава приказна-здраво машко бебе родено само една минута по полноќ на Клиника за гинекологија. Заедно со министерката за труд, Јована Тренчевска го посетивме првороденото бебе и заеднички му посакавме добро здравје, успеси, радости и среќно детство со многу насмевки.
Среќна нова 2023 година и пред се добро здравје им посакувам на здравствените работници и на сите граѓани во државата“, вели тој.