Детали за трагедијата во која загина младо момче
Момче прегази двајца другари на новогодишната ноќ, од кои едниот почина во штипската Клиничка болница, а вториот се бори за живот.
Застанале на магистралниот пат Штип – Кочани, на место викано „Брилијант“.
Неофицијално откако неколкумина уринирале крај патот, од засега непознати причини 21-годишниот возач од скопско Кадино со возило „Опел астра“ го пуштил возилото во рикверц и прегазил двајца од своите сопатници.
21- А.Ѓ од село Трубарово удрил директно во задното ветробранско стакло со главата и загубил свест. Другарот кој бил до него завршил со скршени заби.
Откако се свестиле преостантите момчиња, веднаш реагирале и повредените ги спренеле во штипската болница, а лекарите не успеале да го реанимираат 21-годишниот А.Ѓ, и констатирале смрт.
Вториот повреден е вон животна опасност. И тој се здобил во повреди на главата во пределот на вилицата.