Актуелно

Ѓоковиќ нема да може да настапи на пролетните Мастерс турнири во САД

Новак Ѓоковиќ дефинитивно нема да може да настапи на пролетните Мастерс турнири во САД.

Владата на САД го продолжи условот за влез во земјата дека патниците мора да обезбедат доказ за најмалку две вакцини против Ковид.

Ова правило е продолжено до 10 април 2023 година, а невакцинираните лица можат да влезат во САД само доколку ги исполнуваат критериумите за изземање.

Тоа значи дека Новак Ѓоковиќ и оваа година нема да може да игра на Мастерсот во Индијан Велс и Мајами.

Има надеж дека Американците ќе ја укинат оваа одлука пред март, за кога се закажани Мастерс турнирите во Калифорнија и Флорида, со оглед на тоа што повеќето земји одамна ги напуштија ограничувањата за влез на невакцинирани лица.

Ѓоковиќ моментално се наоѓа во Австралија, која го депортираше минатата година поради проблеми со визата и вакцинацијата.

Иако доби тригодишна забрана за влез, таа одлука беше поништена.

На почеток