Несреќа во тунелот Локве, едно лице загина, двајца тешко повредени
Од
Објавено на
Едно лице загина, а две се тешко повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи во тунелот Локве во Црна Гора.
Како што информираат од РТЦГ, починал С.К.(29) од Рожај, кој им подлегнал на повредите во Општата болница во Беране.
Според полицијата, сообраќајот е нормализиран околу 22 часот. Истрагата за оваа тешка сообраќајка е во тек.