Курти се огласи по ранувањето на српските деца
Премиерот на Косово Албин Курти реагираше на нападот на две српски момчиња во Штрпце. Тој им посака брзо закрепнување, наведувајќи дека осомничениот е уапсен.
Курти рече дека полицијата е ангажирана во извршувањето на своите работни задачи, со цел да ги заштити животот и имотот на сите без разлика.
„Најостро го осудувам нападот врз двајца државјани на Косово во Штрпце. Длабоко сме загрижени за нивните повреди. Според информациите, млади момчиња на возраст од 11 и 21 година се надвор од животна опасност и им посакувам брзо закрепнување. Косовската полиција веќе го уапси осомничениот, кој без сомнение мора да се соочи со правосудните органи.
Надлежните единици ќе ја продолжат истрагата се додека не се расветлат сите околности на овој неприфатлив и осудувачки чин.
Сакам да ги уверам сите граѓани дека косовската полиција е максимално ангажирана во извршувањето на своите работни задачи за да ги заштити животите и имотот на сите без разлика“, рече Курти, пренесува lajmi.net.