Актуелно

„Украина – најголемото минско поле во светот“, вели украинскиот премиер

Украинскиот премиер Денис Шмихал денеска изјави дека околу 40 отсто од територијата на Украина е минирана од почетокот на рускиот напад минатата година.

„Ова во моментов е најголемото минско поле во светот“, изјави Шмихал за јужнокорејската новинска агенција Јонхап.

Според него, минирани се околу 250.000 квадратни километри. „Минираната област е поголема од целиот Корејски полуостров, Романија и речиси колку Велика Британија“, рече тој.

Тој изјави дека со оглед на тоа што голем дел од територијата е минирана, сега е многу опасно земјоделците да сеат и да жнеат, што ќе влијае врз украинското земјоделство.

За време на летната жетва, неколку земјоделци загинаа кога нивните трактори погодија нагазни мини во областите во близина на Харков и Суми, според Јонхап.

Претходно, Државната агенција за вонредни ситуации објави дека на крајот на војната, на Украина ќе и требаат 10 години за да ја деминира својата територија.

На почеток