19 загинати во невремето во Калифорнија, следуваат најмалку две бури


По неколку недели невреме и поплави во Калифорнија, граѓаните добија краток одмор за да се подготват за новиот бран врнежи најавен за денеска.
Во изминатите две недели дождот и невремето во Калифорнија однесоа 19 животи, пренесува Ројтерс.
Најмалку две бури повторно ќе ја погодат Калифорнија овој викенд, објави американската Национална метеоролошка служба (NWS).
Дожд ќе паѓа во крајбрежните области на Калифорнија, додека снег ќе паѓа во Сиера Невада и другите планински области, додаде NWS.
Главниот град Сакраменто се обидува да ги исчисти патиштата од дрвјата паднати во невремето и да подготви нови вреќи со песок за подобро да го заштити населението од бури и поплави.
Во областа Монтереј на брегот на Тихиот Океан особено загрижува порастот на нивото на реката Салинас и можното излевање, а на локалните жители им е наредено да се евакуираат.
Шерифот на округот Монтереј, Тина Нието рече дека полицијата оди од врата до врата убедувајќи ги жителите да ги напуштат своите домови што е можно поскоро.
Дождот, снегот и одроните од кал затворија десетици локални патишта, а возачите беа предупредени да останат дома.
