Свет

Кадиров замина на одмор

Чечнскиот лидер Рамазан Кадиров замина на одмор.

Тој му ги отстапи должностите на премиерот на републиката Хучиев Муслим Магомедович, додека е на одмор. На официјалната веб-страница на шефот и владата на Чеченија е објавена оваа информација.

„Одам на годишен платен одмор од 12 јануари 2023 година. На Хучиев Муслим Магомедович, премиерот на Чеченската Република, му ги доверувам должностите на шефот на Чеченската Република за време на мојот одмор“, се вели во документот.

Кадиров пред неколку месеци кажа дека му треба „долг одмор“ бидејќи предолго бил на чело на својата земја.

Неодамна тој кажа дека Русија не треба да преговара со Украина. Според него, за ова прашање има внатрешни битки во Русија.

Самиот Кадиров откако почна војната во Украина, тврдеше дека неговите борци можат да ја принудат земјата на капитулација. Потоа призна дека и тој има загуби и тоа во Херсон.

На почеток