Зеленски ја прифати оставката на Арестович


Кабинетот на претседателот на Украина Володимир Зеленски ја прифати оставката на Алексеј Арестович од функцијата советник, пишува весникот „Украинска правда“.
Весникот се повикува на портпаролот на Зеленски, Сергеј Никифоров.
Кабинетот на претседателот го разреши Арестовиќ од функцијата вонреден советник“, се вели во соопштението за медиумите на Телеграм.
Советникот на шефот на кабинетот на украинскиот претседател Алексеј Арестович претходно на социјалните мрежи објави дека ја подготвил својата оставка.
„Ја подготвив мојата оставка. Сакам да дадам пример за цивилизирано однесување: принципиелна грешка, значи оставка“, изјави тој.
Арестовиќ претходно ја повлече изјавата од 14 јануари.
„Направив сериозна грешка во програмата во живо. Не е важно поради која причина гледачите ја слушнаа, но во иднина ќе бидам повнимателен со информациите што ќе ги презентирам. Искрено им се извинувам на повредените и нивните семејства, на граѓани на Днепропетровск кои беа повредени од мојата прерана и погрешна верзија за причината за нападот“, напиша тој на Телеграм.
