Актуелно

Ја убил сопругата, па го запалил станот за да ги уништи доказите

Пожарникарите во Приједор вчера околу 10:05 часот добиле пријава за пожар во стан. Благодарение на брзата интервенција било спречено ширење на пожарот, а во станот било пронајдено телото на 44-годишната сопственичка. Наводно соседите им кажале на истражителите дека синоќа слушнале расправија која се случила во тој стан, дознава порталот Српскаинфо.

Осомничениот брзо бил приведен

„По пожарот во станот во Приједор, пронајдено е тело на жена со видливи повреди. Идентитетот на осомничениот е утврден со соработка на обвинителството и полициската управа Приедор, кој набрзо бил лоциран и уапсен“, соопштија Младен Митровиќ, главен обвинител на Окружното јавно обвинителство во Приједор.

Се претпоставува дека осомничениот ја убил сопругата, а потоа го запалил станот за да ги уништи доказите. Обвинителот побара обдукција, која ќе биде спроведена во Институтот за судска медицина на Република Српска, за да се утврдат точните причини за смртта.

На почеток